Интернетот е место на кое најзагрозени се безбедноста и приватноста на корисниците. Очигледно не сме свесни за начините на кои веб-страниците може да ни ги крадат податоците.
Сигурно барем еднаш досега сте морале да потврдите дека не сте робот. Понекогаш од корисниците се бара да препознаат одредени фотографии за да покажат дека се луѓе. Но, дали некогаш сте помислиле дека зад ова се крие нешто друго?
Епизода на емисијата Кју-ај (QI) од 2020 година покажува за што станува збор. Дел од емисијата сега кружи на „Тик-ток“.
Во видеото експерт објаснува дека со означување на полето дека не сте робот, на веб-страницата ѝ давате пристап до историјата на пребарување. Со разгледување на вашата историја, веб-страницата проверува дека вие навистина сте човек, а не робот.
На некој начин опцијата е скриено одобрување за веб-страницата да ја „исчешла“ вашата историја на пребарување.
Извор:
Klix
Извор: Pixabay