X
 27.05.2021 Живот

Веб-страници претставени како земји - нова мапа

По речиси цела година работа, младиот словачки дизајнер Мартин Варгич ја претстави новата мапа на интернетот за 2021 година. Овој забавен и обемен проект (каде што секоја земја е претставена со веб-страница) има цел прецизно, но сеопфатно да ја визуализира моменталната состојба на глобалната мрежа (World Wide Web) денес.

Инспириран од дизајнот на историските мапи, Мартин успеал да ги документира најголемите и најпопуларните веб-страници (во периодот од 2020 до 2021 година) заедно со безброј аспекти и карактеристики.

На картата се вклучени неколку илјади од најпопуларните веб-страници, претставени како посебни „земји“, групирани заедно со други од сличен тип или категорија, формирајќи десетици различни групи, региони и континенти што се протегаат низ целата мапа.

Шемите со бои на веб-страниците се засноваат на доминантните бои на нивниот кориснички интерфејс или лого. За да имате поголем увид, одликите и услугите обезбедени од овие веб-страници се етикетирани како градови.

1
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

Во центарот може да се најдат интернет-провајдерите и веб-прелистувачите кои ги сочинуваат јадрото и 'рбетот на интернетот, додека крајниот југ е домен на мистериозната „мрачна мрежа“.

2
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

Основачите и извршните директори на веб-страниците се претставени како главни градови, додека стотици најпопуларни корисници на социјалните мрежи и познатите личности можат да се најдат во подрачјата на „Јутјуб“, „Фејсбук“ или „Твитер“. Планините, ридовите, морињата и долините претставуваат широк спектар на интернетот, неговата култура и компјутерската наука во целина, додека речиси сто од најважните пионери на интернетот се прикажани на картата со имиња. Доколку сакате да ја видите мапата со сите детали, тоа можете да го направите ТУКА.

3
Kликнете на фотографијата за поголема резолуција

4
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

5
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

Извор: Trendland.com
Фото: Martin Vargic
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот