Швајцарските власти предложиле државата да им гарантира виза на лицата од сите земји што ќе добијат магистерска или докторска диплома во професија за која има недостиг на кадар.
Таквиот предлог бил поднесен од федералниот совет месецов и потребно е да се менување законот. Според предлогот, промените ќе се однесуваат на граѓани на земји надвор од ЕУ и кои не се дел од европската асоцијација за слободна трговија.
Властите бараат жителите на овие земји што завршиле магистерски или докторски студии во Швајцарија во професии за кои нема кадар да бидат исклучок во процесот на доделување виза и да може да се вклучат на швајцарскиот пазар на труд.
Според властите, ваквиот квалификуван кадар најчесто е интегриран во швајцарското општество, а поволности од тоа ќе има и државата.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay