За ширењето на Ковид-19 да биде под контрола, луѓето ќе мора да живеат со рестриктивни мерки уште две или повеќе години, смета швајцарскиот епидемиолог Матијас Егер.
Шефот на швајцарскиот кризен штаб за борба против коронавирусот изјави дека се надева дека вакцинацијата ќе почне за една година, но предупреди дека сѐ уште има многу пречки.
- Засега слабо го познаваме вирусот. Можно е да откриеме нешто што може да го искомплицира и забави развојот на делотворни и безбедни вакцини - истакна Егер.
Тој предупреди дека луѓето и понатаму ќе мора да носат маски, да ги почитуваат хигиенските мерки и меѓусебната дистанца за да се контролира ширењето на вирусот.
Спроти отворањето на основните училишта во Швајцарија, на 11 мај, Егер им порача на родителите да не се грижат бидејќи постојат прецизно документирани случаи во кои деца заразиле возрасни и речиси ниеден случај на зараза меѓу деца.
- Во светот има три милиони случаи на Ковид-19. Податоците покажуваат дека децата не играат голема улога во ширењето на вирусот - истакна тој, но не ја отфрли можноста за зараза кај децата, поради што ги повика родителите сепак да бидат внимателни.
Извор:
B92
Насловна фотографија: Pixabay