X
 22.10.2022 Живот

Овие европски земји го олеснуваат процесот за добивање виза за странци

Преселбата во друга држава не е лесна, дури и доколку се селите во некоја европска држава во близина. Некои земји што се членки на Европската Унија, како Лихтенштајн и Ватикан, имаат строги имиграциони прописи. Меѓутоа, многу влади им олеснуваат вработување на странците поради недостиг на работна сила.

Германија

Германија неодамна започна со програма за привлекување квалификувани работници од странство наречена „Карта за шанса“. Земјата користи систем на бодирање за да им се овозможи полесно доселување на работниците со вештини кои недостигаат во Германија. На овие луѓе може да им биде гарантирана виза дури и пред да најдат работа.

За да ја искористат опцијата, кандидатите мора да бидат помлади од 35 години, да имаат барем одредено знаење на јазикот и најмалку три години професионално искуство. Тие треба да докажат дека можат да си дозволат да ги платат трошоците додека бараат работа.

Австрија

Реформите на таканаречената црвено-бело-црвена карта го олеснуваат пристапот на странска работна сила на пазарот на труд во Австрија. По реформите, се земаат предвид многу барања на претприемачите, како и на работниците, за да се забрза процесот за добивање виза.

Се става фокус на работниците со вештини за привремени проекти на пазарот на труд, а процесот за добивање работна дозвола е забрзан за работниците од индустриите за кои нема кадар. Фирмите може да донесуваат странски работници на период до 6 месеци, за што ќе биде потребна само виза и дозвола за работа.


Фото: Pixabay

Данска

На Данска, исто така, ѝ се потребни квалификувани работници од повеќе области. Доколку ви се понуди работа во некоја од индустриите за кои е потребен кадар, може да поднесете барање за престој и работна дозвола, кои ќе важат колку и вработувањето.

Ирска

Добивањето работна виза е релативно лесно во Ирска. Иако е неопходно да најдете работа пред да побарате виза, земјата активно бара работници за да се пополнат слободните работни места. Во Ирска може да се добијат два вида работна виза. Едната е за професии што се клучни за развојот на ирската економија, а другата е за сите професии. Ирска нуди и визи за работен одмор за одредени развиени земји.

Португалија

Португалија неодамна воведе краткорочни визи за работници кои сакаат да останат во земјата само една сезона. Визата е за престој од најмногу 9 месеци. Процесот за пријавување на обична работна виза трае неколку месеци, а се добива на една или две години.

Финска

Финска започна да имплементира 14-дневен забрзан процес за доведување висококвалификувани работници во земјата. Финската Влада ги дефинира овие работници како „специјалисти“ и претприемачи-почетници. По 90 дена во земјата, работниците што не се од ЕУ може да поднесат барање за виза.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот