X
 23.11.2017 Култура

Душко Радовиќ: „Полесно би ги воспитувале децата ако имаа само уши, а не и очи!“

Подароците се ретки и евтини. Сè друго е мито!“

„Што е бесплатно? Само она што е најголемо, најубаво и најважно.“

„Будни се оние што сакаат. Оние што се сакани, уште спијат.“

„Дали луѓето можат да бидат подобри? Би можеле, но нема кој прв да почне.“

„Вчера некој нашол нешто што не барал. Тоа што го барал го нашол некој друг.“

„За живот е потребно малку. За несреќен живот, се бара повеќе.“

„Велите дека животот ве измачува, но ние сметаме дека вие го мачите, го тормозите и го понижувате животот.“

„Тепајте ги своите деца штом забележите дека почнуваат да личат на вас.“

„Блазе си им на бабите и на дедовците – имаат внучиња. Тешко нам што имаме деца.“

„Полесно би ги воспитувале децата ако имаа само уши, а не и очи.“

„Само сиромашните знаат дека има и посиромашни од нив. Богатите гледаат само побогати од себе.“

„Кој прв до девојката – негова девојка. Кој последен до девојката – негова жена.“

„Не трчајте по жени да не се судрите со оние што бегаат од нив.“

„Фудбалот зближува два вида мажи: оние што немаат девојки и оние што имаат жени.“

„Кој сака секогаш да е во право, мора почесто да го менува своето мислење.“

„Пред да го поправите светот, поправете ја чешмата во својот стан. Светот би бил поубаво место за живеење кога секој би ја поправил чешмата или барем, забите.“

„Ако не ви оди школото, мажете се. Ако не можете да најдете работа, родете дете. Помалите проблеми најуспешно се решаваат со создавање поголеми.“

„Атеистите не мора да бидат чесни. Нема надлежен Бог за нив.“

„Има голема сиромаштија меѓу нашите деца, на кои родителите не можеле ништо друго да им дадат, освен пари.“

„Дајте ми добро дете, па ќе видите колку добар татко можам да бидам!“

„Животот поминува, а ние не знаеме што со него. Со задоволство би му го отстапиле на друг и би уживале гледајќи колку е убав нашиот живот кога друг го живее.“

„Во животот е доволно да се биде паметен само двапати: кога избирате професија и брачен другар. Ако ги утнете и двете работи, ќе мора да сте паметни цел живот.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура