Суплементите се додатоци во исхраната наменети за надополнување или обезбедување соодветно ниво на хранливи материи, витамини или минерали. Познато е дека треба да се земаат во одредено време, пред или по јадење, за да се постигне максимален ефект (во зависност од видот). Пред да започнете со консумирање, проверете дали е безбедно да внесувате некои витамини во оваа форма навечер.
Постојат неколку причини зошто лекарите или фармацевтите препорачуваат некои суплементи да не се земаат навечер. Имено, одредени витамини можат да го попречат дејството на лековите кои се земаат на рецепт (пропишани терапии за некоја болест). Доколку имате вечерна терапија, подобро е да го земате суплементот наутро поради можни интеракции.
Втората причина е поврзана со несоницата. Одредени витамини може негативно да влијаат врз сонот и да го нарушат природниот деноноќен ритам. Дополнително, некои е подобро се апсорбираат на „празен“ стомак. Еве кои витамини треба да ги внесувате наутро, никогаш навечер.
Суплементи на витамин Д
Исто така познат како „витамин на сонцето“, витаминот Д го зајакнува имунитетот, помага во производството на колаген и апсорпцијата на калциум. Сепак, истражувањата посочуваат дека земањето на овој витамин пред спиење може да предизвика проблеми. Витаминот Д има спротивен ритам од мелатонинот, хормонот кој го регулира сонот. Земањето витамин Д навечер може да го намали производството на мелатонин, што го отежнува заспивањето. Наместо тоа, земајте го наутро бидејќи дневната светлина му помага на телото подобро да го синтетизира.
Витамини Б-комплекс
Витамините Б ни носат многу придобивки, од подобрување на здравјето на кожата, косата и ноктите до поддршка на клучните телесни функции. Сепак, истражувањата покажуваат дека консумирањето на овие витамини во вечерните часови може негативно да влијае врз квалитетот на сонот. Многу витамини од Б-комплексот ја зголемуваат енергијата, што е корисно во текот на денот, но може да биде проблематично пред спиење. Исто така, бидејќи најчесто се растворливи во вода, најдобро е да ги земате на „празен“ стомак наутро за подобра апсорпција.
Мултивитамински суплементи
Мултивитамините, кои содржат различни хранливи материи, исто така обезбедуваат многу здравствени придобивки. Сепак, достапните податоци покажуваат дека е подобро да ги земате наутро. Многу витамини во мултивитаминските формули се растворливи во масти, што значи дека треба да се консумираат со оброк што содржи масти за подобра апсорпција. Дополнително, утрото често е поповолно за создавање навика за редовно земање на овие додатоци.
Важноста на тајмингот
Иако земањето витамини во вечерните часови веројатно нема да предизвика сериозни здравствени проблеми, утринскиот внес обезбедува максимална ефикасност. За да избегнете несоница и да обезбедите оптимална апсорпција на хранливи материи, се препорачува да ги земате витамините наутро. Со усвојување на оваа рутина, можете значително да го подобрите целокупното здравје.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik