Фото: NASA
НАСА успеа да прикаже како во период од 20 години, низ годишните времиња, се случувале и климатските промени, во нивната впечатлива глобална мапа на планетата Земја.
Визуелизацијата на податоците, покажува флуктуации на Земјата со поглед од вселената.
Поларните ледени прекривки и снежната покривка се прикажани како се однесуваат низ годишните времиња. Различните нијанси на океанот, сина, зелена, црвена и виолетова покажуваат богаство или недостаток на морскиот живот.
„Мапата ни прикажува како Земјата дише. Навистина е извонредно“, изјави океанографот Џереми Вердел, кој учествувал во проектот.
Две децении, од септември 1997 година до минатиот септември, се прикажани во само две и пол минути.
Вердел изјави дека визуелизацијата покажува дека пролетта доаѓа порано, а есента трае подоцна во северната
хемисфера. За него особено е забележливо како ледената покривка на Арктикот се оддалечува со текот на времето.