Во раните 80-ти години на 19 век Ц. Р. Џонсон, Калвин Стујарт и Џејмс Хантер ги здружиле силите за да ги прошират операциите со дрва во округот Мендочино, Калифорнија.
До 1885 година била формирана железничката пруга Форт Брег во обид да се олесни транспортот на граѓа. Во суштина, ова било темелот на она што еден ден ќе стане железничка станица позната како „Сканк“.
Името „Сканк“ го добила во 1925 година кога биле воведени моторни автомобили (денес наречени и железнички автомобили или железнички крузери). Овие моторни автомобили имале мотори на бензин и шпорети на нафта за да се стоплат патниците. Комбинацијата од испарувањето создавала јак мирис, па луѓето што живееле по должината на пругата велеле дека се како творови (англиски: Skunk).
Првично железницата во Калифорнија била управувана од компанијата „Форт Брег“. Но, во средината на 50-тите железницата „Кајл“ почнала да управува со пругата и ја купила.
Во август 1996 година група локални инвеститори на брегот на Мендочино ја купиле железницата, што било првпат во нејзината 111-годишна историја оваа линија да оперира како независен бизнис.
Сега луѓето можат да уживаат во историските патеки на неколку различни начини. Но од неодамна екскурзијата на „Фор Брег“ на железнички велосипеди стана доста популарна. Откако ќе ги видите фотографиите, ќе ви стане јасно зошто.
Сега железницата нуди возење со електрични велосипеди, а посетителите имаат уникатна можност да уживаат во шумата. Луѓето имаат можност да ги погледнат сите чуда на природниот свет, притоа возејќи го велосипедот по шините.
На почеток компанијата мислела дека железничките велосипеди ќе привлечат само милениумци, но набрзо открила дека и постарите луѓе ги привлекува ваквиот начин на патување бидејќи во велосипедите можат да седнат и постари луѓе што имаат проблем со одењето.
Извор:
Bored Panda
Фотографии:
Instagram