Научниците проценуваат дека универзумот е околу 13,8 милијарди години. Во текот на тие години, бил населен со милијарди галаксии - повеќето од нив и ден денес претставуваат непозната територија.
Користејќи ги
логаритамските мапи од универзумот на НАСА, како и фотографии од универзумот од НАСА и Принстон, уметникот Пабло Карлос Будаси создаде диск со сончевиот систем како централен поглед од универзумот. Ова значи дека планетата Земја, заедно со планетите во околината и сонцето се наоѓаат во средината, а остатокот од
универзумот околу нив.
Секоја оска од дискот претставува различен поглед на полињата - секој зголемен од фактор десет. Ова овозможува едноставен начин за визуелизирање на нешто толку колосално како универзумот.
Прстенот најблизу до сонцето е Млечниот пат, а двете спирали кои доаѓаат од Млечниот пат ја претставуваат раката на Персеј.
Фото: Wikimedia Commons