X
 24.01.2019 Наука

Археолози велат дека го откриле гробот на кралицата Клеопатра

Египетските археолози сметаат дека го откриле гробот на кралицата Клеопатра и Марк Антониј, и тоа близу Александрија.

Клеопатра е последната владетелка од македонската птоломејска династија. Според историските извори, таа во 30-тата година пред Христа се отрула кога дознала дека нејзиниот љубовник, римскиот легионер Марк Антониј, е мртов. Се претпоставува дека тие двајцата се погребани во заеднички гроб, но досега тој не е откриен.

Археолозите тврдат дека овој наод многу веројатно е поврзан со Клеопатра. Гробницата се наоѓа во областа Тапосирис Магна во близина на древниот град Александрија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука