01.02.2019
Култура
„Волкот и седумте јариња“ во златно руво во издание на „Просветно дело“
Незаборавната приказна на браќата Грим - „Волкот и седумте јариња“ е облечена во златно руво во најновото издание на „Просветно дело“.
Издавачката куќа „Просветно дело“ ја издаде првата книга од таканаречената серија Златни класици, започнувајќи со прераскажување на една од најпознатите приказни од браќата Грим - „Волкот и седумте јариња“.
Приказната е раскажана на лесен и разбирлив стил кој е внимателно приспособен за најмладите, додека дијалозите меѓу ликовите се проткаени со мошне интересни рими кои ќе ги мотивираат и родителите и децата да ја читаат наглас! Се разбира, тука се и прекрасните илустрации низ целата книга, преку кои децата ќе можат полесно да навлезат во светот на волшебните приказни и бајки.
Оваа книга освои прва награда за најдобро илустрирана книга на Саемот за книга во Скопје во 2018 година.