X
 14.06.2018 Култура

Светски популарната страница „Базфид“ дава свој осврт за спорот за името



Повеќето од вас што го читаат ова веројатно се премлади да се сетат на времето кога постоеше Југославија - оваа земја се распадна по распаѓањето на Советскиот Сојуз.

1
Фото: Wikimedia Commons


Дефинитивно сте и премногу млади за да се сетите на периодот кога мапата изгледаше вака, кога Македонската Империја (означена со виолетово) се протегала преку огромен дел на Европа и Азија.

2
Фото: Wikimedia Commons

Мапата потекнува од 323 година пр.н.е.

Сето ова е благодарение на Александар Македонски, кој ја освоил оваа територија до неговата 32 година. Починал набрзо потоа и империјата полека се распаднала.

3
Фото: Warner Bros


Денешните Грци апсолутно го обожаваат Александар Македонски бидејќи Македонија било грчко кралство. Тој е нивното момче.

Денес во Грција постои провинција позната како Македонија, каде што луѓето се сметаат себеси за Македонци и сето тоа им е важно.

4
Фото: Reuters


Важно е затоа што кога Југославија се распадна, една од земјите што прогласи независност беше Република Македонија.

5
Фото: Google Maps


Како и повеќето земји на Балканот, Македонија имала исклучително превртена историја, со сопственост на територијата неколку пати низ вековите и различни етнички групи на власт, во зависност од периодот, за конечно да биде прифатена како независна држава од ОН во 1993 година.

Со ова не беше задоволна Грција, која веднаш ја отфрли земјата.

5
Фото: Warner Bros


Дел од проблемот, во очите на Грција, беше тоа што со користењето на ова име, новата земја сака да преземе некои делови од Грција што некогаш му припаѓале на старото македонско кралство, вклучувајќи делови од Албанија, Грција и Бугарија.

Исто така, тие не се согласувале со идејата дека овие Македонци имаат некаква поврзаност со грчките Македонци.

Во 1995 година двете земји постигнаа привремен договор под покровителство на ОН дека земјата ќе се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија или ПЈРМ, додека не се разработи трајно решение.

6
Фото: Associated Press


Но, во меѓувреме, тоа не ја спречи Грција да ја изостави Македонија од која било меѓународна организација.

7
Фото: Getty Images


Македонија со години се подготвува да влезе во ЕУ и во НАТО, но бидејќи организациите работат главно на принципот на едногласност, Грција има можност за вето и многупати се закани дека ќе го искористи.

Двете страни се обидоа да преговараат за компромис низ годините, вообичаено со некакво барање на Грција за модифицирање на името Македонија или целосно отфрлање на името во замена за Скопје. Македонија, секако го отфрлаше секој ваков предлог.

Помеѓу имињата за кои се дискутирало се:

Уставна Република Македонија
Демократска Република Македонија
Независна Република Македонија
Нова Република Македонија
Република Горна Македонија
Република Нова Македонија
Република Северна Македонија
Република Горна Македонија
Република Вардарска Македонија
Република Македонија (Скопје)

Минатата година Зоран Заев стана премиер на Македонија, ветувајќи дека за брзо време ќе се реши спорот за името по речиси една деценија националистичка влада.

8
Фото: Getty Images

Конечно, во вторникот, грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека двете земји постигнале договор, завршувајќи го деценискиот спор.

9
Фото: Reuters


Заев ги потврди вестите на прес-конференција и на својот твитер-профил, официјално изјавувајќи го новото име на неговата земја.

Но и ова може да пропадне. Новата Северна Македонија треба да спроведе референдум за името, а Грција нема да го ратификува договорот до моментот кога името ќе стане официјално во Македонија.

10
Фото: Warner Bros


За работите да се искомплицираат дополнително, македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека нема да го потпише договорот ако помине во Собрание. Ако не го потпише, тогаш договорот повторно оди во парламентот на второ гласање, а потоа мора да го потпише.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура