X
 24.01.2020 Наука

Со помош на технологијата прозборе мумија стара 3.000 години

Научници oд кралскиот Холовеј колеџ во Лондон соопштија дека го пресоздале гласот на 3.000 години стара египетска мумија со помош на медицински скенери, 3Д-печатачи и електронски душник.

Во трудот објавен во списанието „Сајентифик рипортс“ авторите истакнуваат дека техниката им овозможила да го произведат само звукот „е“. Како што истакнуваат научниците, тонот веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несијамун, со чие мумифицирано тело истражувачите и работеле, оти неговиот јазик изминативе три илјади години изгубил голем дел од својот квантитет.

Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или, пак, реченици, се вели во написот.

- Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден - смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука