X
 10.09.2019 Живот

Овој град воведува данок на кучиња

Уморни од плаќањата за чистење на кучешкиот измет по улиците, властите во шпанскиот град Замора, каде што бројот на кучиња е поголем од бројот на деца, одлучиле од почетокот на идната година да воведат данок на кучиња.

- Сопствениците на кучиња би требало до одредена мера да придонесат за намирување на трошоците - истакна Диего Бернардо, задолжен за финансиите на градот.

Тој додава дека не се сите среќни поради новиот данок, кој би требало да изнесува 9 евра годишно.

- Данокот предизвика поделени реакции. Некои воопшто не се согласуваат, некои се помирија со фактот, а некои се согласуваат. Не сите реакции се негативни - истакна тој.

Така, градот очекува годишно да собира меѓу 50 и 90 илјади евра кои ќе се трошат за изградба на повеќе шеталишта за кучиња, чистење на улиците и за набавка на вреќички за измет.

Сличен закон веќе воведоа неколку градови низ светот, меѓу кои и холандскиот Хаг.

Малку поразличен пристап кон проблемот минатата година имаше градоначалникот на Мадрид, кој се обиде да воведе задолжително земање на ДНК од кучињата за да може да се идентификуваат и казнат сопствениците што го оставаат изметот на улица. Но, по изборот на нов градоначалник планот беше одбиен.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот