X
 24.02.2020 Живот

Aнегдоти поврзани со големиот Алберт Ајнштајн

На сите ни е добро познато дека Алберт Ајнштајн, еден од најзначајните физичари на 20 век, бил интересна личност. Но дали сте ги знаеле овие интересни анегдоти од неговиот живот?

1. Во текот на возењето со воз кондуктерот барал билет од патникот кој бил потонат во сопствените мисли. Тој нервозно барал по џебовите и станувал сè понервозен.

- Но, професоре Ајнштајн, јас знам кој сте и јасно ми е дека не сакате да ме измамите и дека сте купиле билет. Немојте да се вознемирувате, еве исто како да имате карта.

На тоа Ајнштајн му рекол: - Но, господине, јас не се вознемирувам бидејќи немам билет да ви го покажам, туку затоа што на него пишува каде патувам. Сега воопшто не знам каде треба да слезам.

1
Фото: Pixabay

2. Еден ден додека Ајнштајн шетал низ ливадата замислен, дошол до една река и почнал да ја преминува преку тесен трупeц, не гледајќи дека истовремено еден дебел човек тргнал да ја преминува од другата страна. На средина на трупецот Ајнштајн се сретнал со дебелиот господин, кој бил касап. Човекот му рекол: - Јас не им се поместувам на поглупави од мене. Ајнштајн без збор тргнал да се враќа назад и кога дебелиот господин тргнал по него, Ајнштајн му рекол: - Ама јас се поместувам.

3. Белгиската кралица го поканила Ајнштајн во приватна посета кога престојувал во Белгија. Возачот на кралицата го чекал на железничка. Но, кога возот пристигнал, излегол само еден патник, во стари алишта и со виолина в раце. Немало никој што би изгледал како угледен професор, па возачот се вратил и ја известил кралицата дека го нема Ајнштајн. Половина час подоцна се отворила вратата на дворецот и стигнал виолинистот со старата облека. Тоа бил Ајнштајн, необично горд на своите виолинистички вештини, кој дошол кај кралицата уверен дека таа сака тој да ѝ свири.

4. Ајнштајн со години учествувал во интензивната политичка кампања за основање на државата Израел, одејќи во САД од место до место, држејќи политички говори. Откако се основал Израел, му било понудено да биде првиот претседател, но Ајнштајн за тоа немал никаков интерес.

5. Бил голем борец за човековите права и вложувал многу време и труд во тоа. Кога на институтот „Каисер-Вилхел“ во Берлин еден студент по право го замолил за разговор, Ајнштајн прифатил и во детали разговарале за неповолната положба на хрватските интелектуалци во тогашна Југославија. Разговорот траел речиси цел ден. Потоа Ајнштајн напишал остар протест против политички мотивираното убиство на д-р Милан Шуфлај и го упатил до Лигата на народите во Њујорк. Протестот го потпишал и неговиот колега, познатиот писател Хајнрих Ман. Текстот од тоа писмо е еден од најголемите комплименти некогаш упатени до Хрватска.

Извор: Geek.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот