X
 06.01.2016 Култура

Ајнштајн за искуството кое му го сменило животот

„Целиот свет е уметничко дело... нема Шекспир... нема Бетовен... нема Бог, ние сме зборовите, ние сме музиката, ние сме самото нешто“, напишала еднаш Вирџинија Вулф. Во 1946 година, пет години после смртта на Вулф, уште еден генијален ум напишал нешто фасцинантно за човековиот ум.


Во својата автобиографија, 67-годишниот Алберт Ајнштајн пишувал за природата на чудењето и восхитувањето:

„Не се сомневам дека нашето размислување напредува најмногу без користењето знаци (зборови) и тоа до некоја граница несвесно. Бидејќи, како се „зачудуваме“ спонтано за некое искуство? Прашувањето и зачудувањето се случува кога едно искуство доаѓа во конфликт со свет од концепти веќе фиксни во нас. Секогаш кога имаме конфликт кој е интензивен, тој реагира наспроти нашиот свет на мислата. Развојот на овој свет на мислата е постојан лет од „чудењето“.

Вакво чудење искусив како дете на 4 или 5 години кога татко ми ми покажа компас. Оваа игла која реагира на одреден начин не се вклопува во случувањата кои би имале место во несвесниот свет на концепти. Сè уште помнам - или барем верувам дека помнам - дека ова искуство остави длабок и долготраен печат на мене. Позади сите нешта мора да има нешто многу добро скриено.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура