X
 24.02.2020 Наука

Кога се очекува следната Супермесечина?

Оваа пролет ќе има три Супермесечини. Секој месец помеѓу март и мај, полната Месечина ќе биде блиску до нејзината најблиската точка до Земјата во својата орбита, што ќе ја направи Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаено.

Првата Супермесечина се очекува на 9 март, кога Месечината ќе помине на оддалеченост од 357.404 километри од Земјата.

Потоа, на 8 април, Месечината ќе биде уште поблиску до Земјата. Тогаш таа ќе помине на оддалеченост од 357.035 километри од нашата планета и ќе биде најблиску до Земјата од февруари изминатата година. Доколку дозволува времето, ова ќе биде најимпресивната Супермесечина во 2020 година.

Последната Супермесечина ќе се случи на 7 мај, кога Месечината ќе помине на оддалеченост од 361.184 километри од Земјата.

  

Фото: pixabay.com

Ефектот наречен „Месечева илузија“ значи дека Месечината ќе изгледа поголема додека се појавува и исчезнува над хоризонтот доколку има дрвја или згради пред лицето што гледа во Месечината. Нашиот мозок мисли дека Месечината е многу поблиску до предметите што ги гледаме бидејќи овие предмети се пред Месечината, објаснува Мици Адамс, научник од НАСА.

Автор: Антони Кутбертсон
Извор: independent.co.uk
Фото: pixabay.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука