X
 26.01.2018 Живот

Небото над Антарктикот изгледа како да излегло од научнофантастичен филм

nebo
Фото: Christopher Michel

Сликата погоре можеби ви изгледа како илустрација од стар научнофантастичен филм. Меѓутоа, ова е уште еден ден на Земјата. Искрено, понекогаш не го заслужуваме овој свет и неговите огромни чуда.

Фоторепортерот Кристофер Мишел ја направил оваа кинематографска слика при неодамнешната посета на Антарктикот. Тој ја направил фотографијата на помалку од километар од Јужниот Пол, додека бил заедно со Антарктичката логистика и експедиција, компанија што помага со научните и туристичките посети во текот на краткото арктичко лето.

Ова е место каде што луѓето ретко одат, па затоа е чудно. Небото дава вонземска глетка.

Феноменот е познат како „сончево куче“ и се случува кога во воздухот има кристали од мраз. Овие кристали може да се појават во цирусни облаци или во случај на студено, суво место како Антарктикот. Кристалите се хексагонални и лебдат хоризонтално. Во таа положба тие ја прекршуваат светлината, така што се чини дека постојат уште две други мали сонца што го следат вистинското сонце. Кога кристалите ќе се преместат во вертикална положба, создаваат ореол околу оригиналното сонце.

Ако сликата евоцира ретро-чувство, тоа е поради дизајнот. Мишел вели дека бил инспириран од фотографија од 1986 година при првата прошетка до Јужниот Пол. Во продолжение има уште неколку слики од пејзажот на Јужниот Пол, вклучувајќи уште неколку други епски моменти.

1

2
Фото: Christopher Michel

3
Фото: Christopher Michel
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот