X
 19.08.2023 Живот

Новата комета Ц/2023 П1 Нишимура ќе го осветли небото во септември

Хидео Нишимура од Какегава, Јапонија, го фотографирал ноќното небо на 11 и 12 август 2023 година, кога снимил нова комета која сега го носи неговото име.

Кометата Ц/2023 П1 Нишимура моментално се наоѓа во соѕвездието близнаци и веројатно ќе може да се види со голо око во спемтеври.

Некои проценки веќе ја ставаат кометата со магнитуда 10,4 што значи дека луѓето кои користат телескопи ќе можат да ја забележат. Кометата треба да продолжи да свети и нејзината опашка ќе расте додека се приближува до Сонцето. Кометата ќе биде најсветла во средината на септември кога ќе биде најблиску до Сонцето и Земјата.

Љубителите на небото ќе можат да ја набљудуваат кометата во текот на преостанатите денови од август. Најдобро е да се обидете да ја видите сега, бидејќи верјатно нема да го преживее поминувањето во близина на сонцето поради нејзиното исклучително блиско поминување до нашата ѕвезда.

1
Фото: Eddie Irizarry

Колку светла ќе биде кометата?

Секогаш е предизвик да се процени осветленоста на кометите, бидејќи тие се непредвидливи.

Додека кометата Нишимура би можела да биде доволно светла за да се види со голо око, таа исто така може да се распадне додека се приближува до Сонцето. Но, еве приближно колку светла кометата ќе биде на одредени датуми и каде да се најде.

Научниците ја проценуваат кометата со светлинска величин 4,9, во опсегот на голо око, во раните зори на 11 септември. Најблиското приближување на кометата до Земјата ќе биде на 13 септември.

Извор: Earth Sky
Фото: Eddie Irizarry
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот