Редовното вежбање помага во зачувувањето на здравјето. Според ново истражување, тоа е добро и за менталното здравје и може да се користи како опција за третирање депресија.
Истражувачите направиле анализа на податоци од 2.264 луѓе со депресија. Луѓето биле анализирани за да се заклучи како редовното вежбање влијае врз нивните симптоми.
Било откриено дека влијанието на вежбањето врз депресијата е доволно значајно за да може да се смета за опција за третман на состојбата. Според авторите на истражувањето, податоците покажале дека вежбањето давало подобри резултати отколку третманите кои вообичаено се користат за лекување на депресијата.
Сепак, уште е рано да се смета дека вежбањето докажано ја лекува депресијата. Идни истражувања треба да покажат дали вежбањето е ефективно во долгорочното лекување на состојбата и дали има одредени групи на кои тоа го нема истиот ефект.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay