Графичкиот дизајнер Јуре Товрљанн совршено ги портретира познатите логоа, рефлектирајќи ги тешкотиите со кои се соочуваат луѓето во обидот да останат во изолација.
Товрљан го почнал проектот пред една недела, кога целата негова насловна страница на „Фејсбук“ била преплавена со мемиња за пандемијата на коронавирусот.
- Сè почна кога го анализирав логото на „Старбакс“. Се прашував како иконската сирена би изгледала со маска - вели тој.
Откако ја реализирал својата визија, тој одлучил да продолжи да работи на концептот.
- На почеток сакав да ги редизајнирам најиконските логоа како „Најк“, „Епл“, „Кока Кола“ итн., но набрзо сфатив дека нема да биде лесно. Видов дека некои
дизајни имаат потенцијал да претрпат ваква трансформација, но некои не. Затоа одлучив да побарам повеќе логоа - изјави Товрљан.
Тој очекувал проектот да привлече внимание, но не очекувал дека ќе стане вирален.
- Повратните информации што ги добивам се огромни - вели тој. Всушност, брендовите дури и бараат од него да направи слични приспособувања на нивните логоа.
- Исто така, забележувам дека големи брендови како „Мекдоналдс“ избираат да го направат тоа. Навистина ми е чест што сум инспирација за некои од најголемите брендови во историјата - вели Јуре.
Коронавирусот има влијание и врз Јуре.
- Секако дека бев во шок кога избувна, но некако успеав да се приспособам на овој начин на живење. Работам од дома, излегувам колку што е можно помалку, но со оглед на тоа што имам две дечиња на едногодишна возраст, ептен се забавуваме. Социјалната свест тука, во Словенија, е на високо ниво и се надевам дека работите ќе се вратат во нормала што е можно поскоро. Сепак, мислам дека ќе помине доста време - објаснува тој.
1. Корона екстра
Името на пивото „корона“ предизвика паника кај луѓето што обично го консумираат, па како резултат на тоа, брендот претрпе големи загуби. Јуре на интересен начин ја доловува целата ситуација околу пивото.
2. Олипмиските игри
Како што можете да забележите, круговите од логото на Олимписките игри повеќе не се заедно, со што се означува социјално дистанцирање.
3. „Линкдин“
Совршено претставена иднината на нашите кариери.
4. „Најк“
Тука Јуре го користи логото на „Најк“ за да препорача: - Едноставно не правете го тоа. Не излегувајте од дома.
5. „Старбакс“
На логото на „Старбакс“ сирената носи маска.
6. НБА
Новата позиција за одбрана: Лежејќи дома, пред компјутер!
7. „Мастеркард“
Одржувајте социјално дистанцирање!
8. „Ју-ес опен“ (Тенис)
Затворено!
9. „Таргет“
Внимавајте, и вие може да бидете лесна цел на вирусот!
10. „Јунајтед ерлајнс“
Поделени, разделени!
11. „Мобил“