Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.
Исто така, во
соопштението од Владата се наведува и дека на седницата бил прифатен и предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.