Во изминатите 24 часа се регистрирани 111 оздравени пациенти, направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на Kовид-19, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрирал 111 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1.
Новопотврдените случаи на Kовид-19 се во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино се жители на Демир Капија.
Од Министерството додаваат дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Гостивар на 59-годишна возраст.
Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.
Сега вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.
Последната дистрибуција по градови е следна:
-Скопје – 498
- Куманово – 389
- Дебар – 51
- Штип-34
- Прилеп –150
- Тетово – 82
- Струга – 66
- Велес – 71
- Битола –19
- Охрид –15
- Кавадарци – 5
- Гостивар –17
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-5
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -9
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод -2
- Пехчево- 2
- Делчево-1
- Валандово -1
- Виница – 2