Во септември минатата година научници во Велика Британија забележаа нов сој на коронавирусот. Станува збор за еден од илјадници соеви. Сојот бил наречен Б.1.1.7, а веднаш почна да се шири низ земјата и светот.
Сојот се шири побрзо од претходниот доминантен сој на коронавирусот (таканаречениот сој ГВ) и може да биде посмртоносен. До февруари, 96% од сите случаи на Ковид-19 во Англија биле предизвикани од британскиот сој, а дотогаш тој стигна во 59 земји низ светот. Денес, овој сој е најраспространет во светот.
Нов графикон од „Ројтерс“ покажува како се ширел овој сој, почнувајќи со првиот случај во Кент и ширејќи се низ земјата, а подоцна и низ светот. Случаите се означени со црвени точки на двете интерактивни мапи на „Ројтерс“. Точките постепено се претвораат во линии кои покажуваат колку случаи има во регионот.
Двете интерактивни мапи може да ги најдете
овде.
Автор: Марк Вилсон
Извор:
fastcompany.com