X
 24.05.2021 Уметност

Фотограф создал минијатурно село на кое работел 2 години

Огњан Стефанов е успешен авијациски фоторепортер кој дипломирал на престижната Национална академија за театарска и филмска уметност во родниот град Софија, Бугарија. Неговите фотографии направени од воздух се дел од многу изложби и се појавиле во многубројни глобални публикации.

Стефанов е официјален фотограф на бугарското воено воздухопловство и ексклузивен фотограф на претседателот на Бугарија. Освен тоа, тој постигнал огромен успех во својата работа со минијатурни дела, освојувајќи награди за моделирање на истакнати натпревари низ светот.

Делото „Скајвил“ е првата, оригинална негова креација и претставува утописко село.

2

Селото располага со бујни градини и има домови, продавници, штала и станбена зграда.

- Сакав да создадам автономна утопија каде што луѓето ќе имаат сè што е потребно за да живеат, опкружени со зеленило и градини, па дури и локална гостилница - вели тој.

„Скајвил“ е совршена комбинација на врвна архитектура, фантастична уметност и футуристички дизајн. Селото има карпести формации и краток пешачки мост преку тесен поток.

3

Голем број уникатни структури се меѓусебно поврзани со низа патеки на повеќе нивоа, скали и мостови кои ги спојуваат различните области.

Селото е обележано со голема куќа која има драматичен покрив со модерни плочки и остри рабови и прозорци со неправилна форма. Шарените цветни леи со продолжена зелена винова лоза ги исполнуваат прозорците и даваат чувство на топлина.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Dthomasfineminiatures.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност