24.04.2019
Наука
Марсотрес
Роботското летало на НАСА - „Ин Сајт“, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, регистрира мал земјотрес на Црвената Планета.
Тоа е прв забележан „марсотрес“.
Како што соопшти НАСА синоќа, мониторот на „Ин Сајт“ го снимил потресот на 6 април, а потоа уследиле уште три послаби земјотрести.
Францускиот научник Филип Лоњон изјави дека е возбудливо што конечно имаат доказ дека Марс е сеизмички активен.
Францускиот сеизмометар беше поставен на површината на Марс минатиот декември, неколку недели пред слетувањето на „Ин Сајт“.
Извор: МИА