X
 24.04.2019 Култура

Пандора и Сашо Саздовски со свои дела на Венециското биенале

Дела од нашите уметници - сликарката Пандора Апостолоска-Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски ќе учествуваат на интернационалната изложба за визуелни уметности „Проект Биенале“ во Венеција. Нивните дела ќе бидат изложени во првата недела од свеченото отворање на престижното 58. Венециско биенале за ликовна уметност, во Културниот центар „Дон Орионе Артиџианели“ во Венеција.

- Ова е наше второ претставување во Венеција. Во 2014 година нашите дела беа селектирани на уметничкиот фестивал МОРФОС за време на 14. Венециско биенале за архитектура во палатата Албризи (Гете-институтот во Венеција) – вели Саздовски.

Дела на Пандора Апостолоска-Саздовска (лево) и на Сашо Саздовски

Двајцата автори досега реализирале многубројни интернационални самостојни и групни изложби. Добитници се на престижни награди и признанија во земјава и во странство.

Апостолоска-Саздовска одржала предавања од областа на современата уметност на Универзитетот за уметност и дизајн во Шаржа, Обединетите Арапски Емирати. Саздовски реализирал повеќе од 30 монументални скулптури во јавен простор во Аргентина, Оман, Катар, Словенија, Азербејџан, Италија... Работи како професор по ликовна уметност во скопското средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура