X
 24.04.2019 Образование

Секој четврти наставник е физички нападнат од учениците, најмалку еднаш неделно

Еден од четири наставници е физички нападнат од ученици најмалку еднаш неделно, покажува едно британско истражување.

Речиси 3 од 10 наставници биле удрени, а 2 од 5 биле турнати од учениците, покажува истражувањето од Наставниот сојуз.

Другите напади вклучуваат плукање (7 отсто), удирање со глава (3 отсто) според истражувањето спроведено на повеќе од 4.900 наставници.

Еден наставник рече дека бил турнат, при што си го удрил палецот и си ја удрил главата на радијатор откако бил неколку пати бил удрен.

Речиси 9 од 10 наставници велат дека претрпеле физичка или вербална злоупотреба од учениците во текот на минатата година - тоа предизвикало повеќе од половина од наставниците сериозно да размислат за напуштање на работата, покажува истражувањето.

ucenik
Фото: РА


Речиси една четвртина од наставниците (24 отсто) се соочуваат со физичко насилство од страна на учениците најмалку еднаш неделно или повеќе, а 4 отсто изјавиле дека се напаѓани секојдневно.

Тројца од четири наставници не чувствуваат дека имаат ресурси или поддршка во училиштата за да се справат со однесувањето на учениците. Освен тоа, истражувањето покажува дека многу наставници се чувствуваат небезбедно во училиштата поради лошото однесување на учениците.

Речиси половина (49 отсто) велат дека културата во нивното училиште е дека вербалната и физичката злоупотреба се дел од работата, а наставниците треба да го очекуваат ова однесување. Еден наставник кој ја напуштил професијата вели дека има 40-годишно искуство како наставник и дека моменталното однесување на учениците е најлошото досега.

- Моето училиште стануваше застрашувачко место во последните неколку години. Честопати се обидував да поминувам низ ходниците во период кога очекувам да бидат тивки, бидејќи ако се сретнам со нив, сигурно ќе бидам турнат или опцуен - вели тој.

- Сведоци сме на зголемен број помали деца што извршуваат физичка и вербална злоупотреба - вели друг наставник.

- Ниту еден наставник не треба да оди на работа со очекување дека ќе биде вербално или физички малтретиран, но истражувањето јасно покажува дека ова за наставниците е секојдневна реалност. Недисциплинираноста на учениците е огромен проблем и фактор што придонесува за заминување на наставниците од професијата. Едноставно е неприфатливо работодавците да не успеат со нивната законска обврска да обезбедат безбедна работна средина - вели Крис Кејтс, генерална секретарка на Наставниот сојуз.

- Училишниот систем е расипан поради лошите и неприфатливи практики на вработување кои ги ставаат наставниците во ризик и на крајот буквално ги бркаат од професијата. Наставниците обезбедуваат една од најважните јавни услуги и заслужуваат подобро - додаде таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование