X
 24.04.2023 Живот

„Чет-ГПТ“ треба да „испие“ едно шише свежа вода на секои 20 до 50 прашања што ќе му ги поставите

Како што јавноста брза да ја усоврши алатката „Чет-ГПТ“, така почнува да излегува на виделина нејзиното влијание врз животната средина.

Иако нема многу податоци за вештачката интелигенција и одржливоста, едно неодамнешно истражување од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд и Универзитетот во Тексас, Арлингтон, укажува дека „Чет-ГПТ“ има големо влијание врз животната средина.

Додека го тренирал „ГПТ-3“ во своите центри за податоци, се проценува дека „Мајкрософт“ искористил 700.000 литри свежа вода. Според истражувањето, тоа е доволно за да се наполни кула за ладење на нуклеарен реактор, и тоа е истата количина што се користи за производство на 370 автомобили „бе-ем-ве“ и 320 „тесли“.

Користејќи ги овие бројки, било утврдено дека „Чет-ГПТ“ ќе бара 500 милилитри вода на секои 20 до 50 одговорени прашања.

- Иако 500 мл вода не изгледа премногу, вкупниот комбиниран воден отпечаток е исклучително голем поради големата база на корисници на „Чет-ГПТ“ - пишуваат авторите на истражувањето.

- „Мајкрософт“ инвестира во истражувањето за мерење на употребата на енергија и влијанието на јаглеродот на вештачката интелигенција. Исто така, продолжува да инвестира во купување обновлива енергија и други напори за исполнување на целите за одржливост и да станеме јаглерод-негативни и да достигнеме нулта-отпад до 2030 година - велат од компанијата.

Моделите на вештачка интелигенција како „ГПТ-3“ и „ГПТ-4“ се хостирани во центри за податоци кои се физички складишта во кои се чуваат големи делови од сервери. Овие сервери ги идентификуваат шемите и врските помеѓу масивните збирови на податоци, кои пак, користат енергија, без разлика дали тоа е електрична, јаглеродна, нуклеарна или природен гас.

Освен тоа, се троши енергија која потоа се претвора во топлина. Водата се користи на самото место за да се контролираат температурите низ целата инфраструктура. Потребна е свежа вода за правилна контрола на влажноста затоа што солената вода може да доведе до корозија, затнати водоводни цевки и пораст на бактерии, пишува во истражувањето.

Истражувачите велат дека нивниот труд се обидува да ја нагласи неопходноста за решавање на отпечатокот на вода заедно со јаглеродниот отпечаток за да се овозможи навистина одржлива вештачка интелигенција.

Извор: Business Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот