Математиката е еден од основните предмети на училиште и додека за едни е неверојатна, за други е кошмар. Ако сте од оние вторите, веројатно ќе го промените мислењето откако ќе ги прочитате следните трикови.
Читање на мисли
Замолете пријател да замисли број од 1 до 20. На пример, бројот 8. Потоа кажете му да додаде 5 и збирот да го помножи со 3. Во овој случај резултатот е 39. Потоа кажете му да одземе 15 и ќе добие 24.
Кажете му дека ако Ви го каже резултатот, ќе му го кажете бројот на кој помислил. Тој ќе каже 24. Вие треба да го поделите тој резултат со 3.
Множење со 11
Многу е лесно да се множи со 11 ако го знаете следниот трик: За пример ќе го земеме бројот 43. Збирот од броевите 4 и 3 е 7. Ставете го 7 меѓу 4 и 3 и ќе добиете 473. Проверете го ова и со калкулатор.
Ако бројот е поголем, на пример 78, соберете ги 7 и 8 и ќе добиете 15. Но овој пат не го ставате 15 меѓу 7 и 8, туку само 5 меѓу двете цифри, а 1 го додавате на првата цифра (7+1)58=858.
Погодете ја возраста
Да речеме дека Вашиот пријател има 21 година, но не го знаете тоа. Кажете му да ја помножи во 5, да додаде 8 на резултатот и повторно да помножи со 2. Потоа ќе треба да одземе 6 од тој број и да помножи со 10. Прашајте го што добил. Одземете 100 од овој број и поделете го
резултатот со 100. Добиениот број е неговата возраст.