X
 24.05.2019 Уметност

Бенкси неповикан го изложи својот труд на Биеналето во Венеција: „Поради некоја причина, никогаш не бев повикан“

- Го поставувам мојот штанд на Биеналето во Венеција. И покрај тоа што е најголем и најпрестижен уметнички настан во светот, поради некоја причина, никогаш не бев повикан - пишува анонимниот уметник на својот инстаграм-профил.

Едноминутно видео прикажува човек како поставува рамки со маслени слики на улиците на италијанскиот град. Составени заедно, сликите претставуваат масивен брод за крстосување опкружен со гондоли. Наводно Бенкси во своето дело се обидува да го насочи вниманието на глобалната состојба на бегалците, особено на миграциската криза во Венеција.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност