X
 12.05.2018 Живот

Италијански град забрани отворање ресторани кои служат храна за носење

Градските власти во Венеција за следните три години забранија отворање на нови ресторани кои служат храна за носење, како дел од напорите за намалување на негативното влијание на масовниот туризам врз градот.

Одлуката е дел од поширок проект за зачувување на шармот на градот чии многубројни мостови, скалите на влезовите на црквите и музеите, како и на краевите на каналите се преполни туристи кои нешто јадат.

Грицкањето по улиците и плоштадите често резултира со огромни количина отпад што ги зголемува проблемите со глодари, гулаби и галеби. Имено, големо јато птици често слетуваат на земја за да ја земат храната од рацете на невнимателните туристи.

Новите правила се одобрени од страна на градоначалникот на Венеција, Луиџи ругнаро, а се однесуваат и на околните острови Мурано и Бурано, кои исто така се популарни туристички дестинации. Оваа одлука доаѓа кратко по одлуката на властите да постават посебни порти на кои жителите на Венеција и честите гости требаше да се пријават со посебни легитимации за да им биде дозволен влез во центарот на градот. Но, портите беа уништени од лути граѓани кои истакнаа дека Венеција мора да остане слободна.

-Ние ја отфрламе идејата дека мораме да минуваме преку посебни влезови во градот. Ова е наш град. Градоначалникот не го поседува градот. Ниту туристите или полицијата. Венеција умира. Поставувањето такви порти е показател дека градоначалникот едноставно се откажал. Тој сака Венеција да стане град без жители - рече еден од вознемирените граѓани, Марко Баравале.


Фото: Jutarnji

И покрај јавната кампања "Уживај и почитувај ја Венеција", која ги охрабрува посетителите да се однесуваат пристојно и одговорно во хармонија со локалното население, огромен број на туристи со селфи-стапчиња не покажуваат намера да ги променат нивните навики.

Загриженоста за градот, кој дневно го посетуваат и до 60.000 луѓе, се зголемува сѐ повеќе. Некои Италијанци велат и дека летните месеци во Венеција изгледаат како воени зони.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот