ИКЕА заедно со лабораторијата за истражување „Спејс 10“, дизајнерската компанија „Бакен & Бeк“ и индустриската дизајнерка Танита Клајн сакаат да ги вклучат луѓето во дизајнирање на сопствен дом за пчелите.
Целта на овие домови е на осамените пчели да им се овозможи место за живеење и со тоа да им се помогне на цвеќињата да продолжат да растат.
Осамените пчели се одлични опрашувачи: една осамена пчела би можела да обезбеди опрашување како за 120 пчели, вели веб-страницата на проектот „Дом за пчелите“.
- Околу 90 отсто од цвеќиња во светот зависат од опрашувањето, осамените пчели се неопходни за животот на планетата Земја - пишува на веб-страницата на проектот.
Секој дом на пчелите може да смести стотици осамени пчели кои се безопасни и ретко боцкаат. А со дизајнирање на свој дом за пчелите, на овој вид му давате простор што ќе им биде дом и надоместувате за многу работи што му ги одзема човечкото влијание.
За да почнете со процесот на дизајнирање, посетете ја веб-страницата на
„Дом за пчелите“. Таму можете да изберете висина, стил и каде ќе го сместите живеалиштето. Потоа, преземете ги дизајнерските датотеки. Откако ќе го направите, ставете го домот на соодветното место и засадете цвеќиња кои ќе ги привлечат
пчелите.
Фото: Instagram