Експертите за клима тврдат дека многу суви подрачја во светот ќе станат уште посуви, а влажните уште повлажни поради климатските промени. Меѓутоа, ново истражување покажува значајно губење на вода дури и во влажните региони.
Над половина од големите езера во светот се намалиле од раните 90-те години, покажува истражувањето. Причината за ова се климатските промени и зголемената потрошувачка во земјоделството и во домаќинствата. Некои од најважните извори на слатка вода, од Каспиското Езеро до Титикака во Јужна Америка изгубиле големо количество вода.
Поточно, во период од речиси три децении се губела вода од околу 22 гигатони годишно. Тоа е околу 17 пати повеќе од волуменот на езерото Мид, најголемиот резервоар на вода во САД.
Фангфанг Уао, хидролог од Универзитетот во Вирџинија и главен автор на истражувањето, изјавил дека 56 отсто од намалувањето на природните езера е предизвикано од глобалното загревање и зголемената потрошувачка.
Истражувачите ја испитувале водата во речиси 2.000 големи езера со сателитски мерења и климатски и хидролошки модели. Биле искористени податоци за периодот од 1992 до 2020 година.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay