X
 21.07.2017 Култура

Загрижувачки вести: До 2100 година Скопје ќе биде потопло од Каиро!


Термометар со екстремно висока температура


Летата низ целиот свет се потопли отколку што претходно беа, а ќе бидат драматично потопли до крајот на 2100 година. Порастот на температурата, доколку не го спречиме загадувањето на воздухот, најмногу ќе се почувствува во градовите, пишува „Клајмат централ“ (Climate Central).

Поради рапидниот пораст на бројот на жители во градовите во комбинација со ефектот на урбан „топлински остров“, во некои од градовите до крајот на векот температурите ќе се зголемат за седум до осум степени (топлинските острови се места во градовите во кои температурата е повисока за неколку степени за разлика од другите делови на градот). Топлинските острови се формираат од впивањето/апсорпцијата на сончевата енергија во зградите и асфалтираните површини, но тука е и топлината произведена од индустријата, сообраќајот, греењето и ладењето. Исто така, во градовите недостигаат вегетација и водени површини кои би ја намалиле температура на воздухот.




Моментално, околу 54 % од светската популација живеат во градовите, а до 2050 година се очекува бројот на луѓе што ќе живеат во градовите да се зголеми за 2,5 милијарди. Како што ќе се загреваат градовите, така шансите за екстремни топлотни удари ќе бидат поголеми. Тоа најмногу ќе влијае врз општото здравје на луѓето и врз економијата.

Дури и со мало спречување на загадувањето порастот на температурата во градовите може значително да биде помал во споредба со веќе споменатите седум или осум степени.

Скопје спаѓа во таа категорија и според „Клајмат централ“, го зазема критичното второ место. Доколку загадувањето на воздухот не се намали, просечната летна температура во Скопје до 2100 година ќе биде за 8,4 степени повисока отколку денес.

Летата во Скопје до крајот на векот ќе изгледаат онака како што денес изгледаат летата во Каиро, престолнината на Египет, каде што просечната температура во лето изнесува 33,7 Целзиусови степени, додека денес во Скопје таа изнесува 25,2 степени.

Ако успееме да го намалиме загадувањето на воздухот, температурата во Скопје ќе порасне само за 4,4 степени, што е приближно двојно помалку или колку што е денес во Адана во Турција (30 Целзиусови степени).

На следниот линк можете да ја погледнете интерактивната мапа за загревањето на сите светски градови.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура