X
 24.06.2020 Живот

Повеќе од две третини од компаниите може засекогаш да работат од дома

Веројатно се изморивте од слушање коментари дека многумина ќе продолжат да работат од дома и по пандемијата. Но, нова анкета повторно посочува кон тоа.

Анкетата спроведена од американската компанија „451 Рисрч“, дел од „С&П глобал маркет интелиџенс“, била направена на 575 работодавци од разни индустрии. Било откриено дека 67% од испитаниците очекуваат дека правилата за работа од дома ќе бидат трајни или барем ќе останат во сила долго време.


Фото: Pixabay

Некои компании, меѓу кои и „Твитер“, веќе им кажаа на вработените дека може постојано да работат од дома, и по пандемијата.

Дури и во фирмите што нема да продолжат со работа од дома засекогаш голем дел од вработените можеби наскоро нема да се вратат во канцеларија. Анкетата покажала дека 20% од испитаниците изјавиле дека нивните фирми ќе продолжат да функционираат со променети услови барем и во 2021. Дополнително, 47% од нив изјавиле дека нивните компании најверојатно ќе ги намалат канцелариите.


Фото: Pixabay

Околу 19% од фирмите сакаат нивните вработени да се вратат во канцеларија што побргу, 25% планираат да почекаат уште еден месец или повеќе, а 24% немаат конкретен план.

Автор: Џулијана Каплан
Извор: businessinsider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот