X
 22.05.2020 Здравје

Деветмина оздравени, 23 новозаразени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19, соопштија од Министерствто за здравство.

По градови, новозаразените се од:
- Скопје - 12
- Куманово - 4
- Прилеп - 2
- Тетово - 4
- Неготино - 1

Од вкупниот број направени тестови во изминатите 24 часа, 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи.

Институтот за јавно здравје регистрирал 9 оздравени пациенти и тоа во:
- Скопје - 3
- Прилеп - 1
- Струга - 1
- Велес - 3
- Кочани - 1

Во изминатото деноноќие има еден смртен случај. Имено, во ГОБ „8 септември“ утрово починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска.

Досега во земјава се направени вкупно 24.018 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје