Хотелот „Би мајн“ (b'Mine), кој се наоѓа на аеродромот во Франкфурт, им дозволува на гостите да ги паркираат своите автомобили на балконот. Тие имаат приватен паркинг, а до нивните соби може да стигнат со автомобил користејќи лифт.
Гостите можат да уживаат во погледот на околината, но и на своите автомобили. Кога ќе пристигнат во хотелот, тие се пријавуваат, ја земаат картичката и потоа возат зад хотелот.
На располагање им се два лифта во кои можат да влезат со автомобил и на саканиот кат да излезат директно на нивниот приватен балкон, кој е и паркинг-простор.
Местото за паркинг е доволно големо за да собере повеќе различни модели на европски автомобили. Достапни се и полначи за сопствениците на електрични автомобили.
Извор:
Klix
Насловна фотографија:
b'Mine