Весна Јаневска е новата министерка за образование и наука во новата Влада на премиерот Христијан Мицкоски.
Јаневска е родена во 1958 година во Скопје, по професија е патолог и поранешен пратеник во Собранието. Таа е пензиониран професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а во интернет-енциклопедиите стои дека е член на Лекарската комора, Конзилиумот за саркома при Медицинскиот факултет, како и на Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.
Јаневска е една од трите министерки во новата Влада, заедно со Сања Божиновска, која е министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, и Гордана Димитриоска-Кочоска, која е министерка за финансии.
Јаневска доаѓа на местото на Шаќири и пред неа се голем број предизвици во образованието и науката, а можеби најголемите од нив се немањето учебници, ниската стапка на вложување во науката, намалувањето на бројот на ученици итн.
Фото: YouTube (screenshot)