X
 17.01.2022 Живот

Шаќири најави продолжување на актуелните политики за образование

Денеска Јетон Шаќири ја презеде функцијата министер за образование и наука од досегашната министерка Мила Царовска, а кратката средба беше искористена за запознавање со актуелните состојби во Министерството.

Царовска му посака успешна работа на Шаќири во натамошниот развој на националниот образовен систем.

- Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа ќе го правиме како и досега, во соработка со сите чинители - потенцираше Шаќири.

Царовска истакна дека во изминатиот период се заложи за нов пристап во наставата со цел таа да биде интерактивна и креативна. Се забрза процесот на дигитализација, училиштата се опремени со современа информатичка опрема и истовремено се дигитализирани голем дел од услугите во областа на образованието.



Новиот министер Шаќири, кој досега беше на чело на Министерството за информатичко општество и администрација, нагласи дека образованието е комплексна област каде што политиките и активностите креираат генерации кои ќе бидат носители на идниот развој на државата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот