X
 24.07.2017 Наука

Постои и едноставно објаснување за несреќите кај Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник е место каде што голем број авиони и бродови исчезнале, и тоа под мистериозни околности. Се протега на 700.000 километри на море од Флорида до Порторико и до островот Бермуда во Северноатлантскиот Океан.

Се претпоставува дека во изминатите 100 години загинале над 1.000 лица, се изгубиле 20 авиони и 50 брода. Научникот д-р Карл Кручелницки од Австралија вели дека несреќите се случувале поради човечка грешка. Тој истакнува дека бројката на исчезнати авиони во просек е еднаква со бројката на исчезнати авиони воопшто во светот.

„Станува збор за место блиску до екваторот, блиску до богат дел од светот, па затоа има густ сообраќај. Освен тоа, сите несреќи се случиле во временски непогоди, а и во речиси сите случаи пилотите не ги послушале инструкциите“, вели експертот. Но несреќите и натаму не престануваат.

Постојат и теории на заговор во врска со Бермудскиот триаголник, од облаци и меури од гасови, до теории кои не се поддржани од науката. Претходно се дискутирало дека меури од метан се можеби причината за потонувањето на бродовите.
Минатата година група метеоролози тврделе дека хексагонални облаци и воздушни бомби се виновни за серијата исчезнувања. Тие користеле радар-сателит преку кој ги забележале хексагоналните облаци кои се формираат токму во регионот на Бермудскиот триаголник. Метеоролозите велат дека ваквите облаци се вистински воздушни бомби и се толку многу моќни, што можат да достигнат јачина како урагани со брзина од 273 километри на час, кои дефинитивно можат да предизвикаат потонување на бродови или рушење на авиони.

Некои од најпознатите објаснувања се дека исчезнувањата се последица на екстремни временски услови и електронска магла – метеоролошки феномен кој предизвикува дисфункција на превозните средства. Некои, пак, велат дека се спроведува експеримент под водата каде што се тестираат оружја и тајни проекти, а организатор на сето тоа е американската морнарица. Други теории истакнуваат дека во тој регион се душите на африкански робови што биле фрлени од брод од страна на капетанот кога патувале кон САД, и уште многу други неверојатни теории.

Сепак, експертите сметаат дека Бермудскиот триаголник е, ни помалку ни повеќе, поопасен од сите други региони што се на отворено море или океан.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука