X
 13.05.2017 Наука

Масивни форми пронајдени под мразот на Антарктикот

Научниците откриле масивни форми под Антарктикот – некои од нив се високи речиси колку Ајфеловата кула и активно креираат длабоки канали кон мразот на површината.

Формите, кои се пет пати поголеми од они кои се креирани по топењето на мразот во Скандинавиа и Северна Америка, се верува дека се заслужни за истенчување на мразот на Антарктикот и заради тоа може да има големи последици за стабилноста на регионот.

Благодарение на старите смрзнати дело во северната хемисфера, научниците знаат дека формите можат да растат во должина од голем број метри под површината. Такви примери имало во Скандинавскиот предел, како и во западна Шведска.

Научниците долго време се сомневале дека под мразот на Антарктикот има некакви форми, но никој не верувал дека се работи за толку масивни зданија. Формите биле пронајдени преку комбинација од сателитско набљудување и радари поставени на тлото. Забележани биле масивни гребени со испакнати делови кои го сечат мразот на површината. Научниците претпоставуваат дека се работи за канали под глечерите кои се формираат под големи површини на мраз и ја пренесуваат стопената вода кон океанот. Стануваат се поголеми кога се доближуваат повеќе до океанската вода.

Научниците сметале дека намалувањето на мразот се случува кога мразот ќе се судри со океанот, но откривањето на овие форми им дава до знаење дека и тие имаат удел во намалувањето на мразот и нестабилноста на тие подрачја.

Можеби нема да се спречи намалувањето на смрзнатата површина на Антарктикот, но подоброто разбирање на создавањето на формите под мразот и процесите кои следат од нив, можеби ќе им помогне на научниците да предвидат што ќе се случува во иднина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука