X
 03.02.2022 Живот

Оптичка илузија што ги скара креаторот и научниците: Колку коњи гледате вие?

Оптичките илузии обично предизвикуваат вистинска возбуда на социјалните мрежи, но една неодамнешна слика на која се прикажани неколку коњи на врвот на планина предизвика расправија меѓу нејзиниот творец и еден куп научници. Колку коњи можете да забележите вие?

Портретот на Бев Дулит со пет коњи кои стојат на снежна платформа веќе некое време се наоѓа на веб-страницата на Националниот институт за еколошки науки (NIEHS), предизвикувајќи дискусија за тоа кој е во право.

Во оваа илузија, она што изгледа како четири бело-кафеави коњи и ждребиња се собрани заедно и се спојуваат со кафена карпа и снежна заднина, давајќи ѝ на сликата оптичка илузија.

Но, научниците велат дека на сликата на Дулит всушност има седум коњи, а не пет, како што тврди нејзиниот творец.

iluzija
Фото: Bev Doolitte/National Institute

Според нив, на сликата се наоѓаат седум коњи, вклучително и некои делови од животното, како коњска глава и заден дел.

Ако не можете да видите седум, можеби оваа духовита белешка од еден од научниците на NIEHS би можела да помогне.

- Гледам еден лево како гледа отстрана, а во средината се четири лица групирани блиску едено до друго. Во таа група, кафеавиот нос на едниот (другиот од лево) ја покрива десната страна од лицето на оној што е најнизок. Десно е мал коњ што стои настрана, а над него е задниот дел на седмиот. Освен ако немам халуцинации - тоа е неговото објаснување.

Ако сè уште не можете да видите седум, бидете сигурни дека сте меѓу многуте што веруваат дека реалната бројка е пет коњи.

Извор: Noizz.rs
Фото: Bev Doolitte/National Institute
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот