X
 25.02.2018 Наука

Амазонската прашума е на работ на колапс?

шума
Фото: Getty Images

Шумите во светот се намалуваат. Со години тие издржале мноштво човечки влијанија. Но според едно ново истражување, тие се на работ на колапс. Ако уништувањето на шумите надмине 20 отсто од првобитното ширење, амазонските прашуми ќе достигнат до точка без враќање.

Во истражувањето, Томас Лавџој и Карлос Нобр ја утврдиле оваа точка. Во суштина тие сакале да знаат колку далеку уништувањето на шумите може да напредува пред водениот циклус на прашумата да престане да ги поддржува екосистемите во неа.

„Постои ризик дека повеќе од 50 отсто од шумите во Амазон ќе станат деградирана савана“, вели Нобр, нагласувајќи дека во изминатите 50 години уништувањето на шумите предизвикало исчезнување на 17 отсто од вегетацијата на Амазон.

Според нивните процени, би биле потребни уште три отсто за прашумата да стигне до точка од која нема враќање. Додека уништувањето на шумите претставува неизбежен и сериозен ризик за прашумите, тоа не е единствената закана за овие екосистеми. Климатските промени и употребата на огнот исто така играат голема улога во тековната пропаст на овој регион.

Покрај тоа, деградацијата на циклусот на вода би имал сериозно влијание врз човечката популација во Јужна Америка. Сепак, и покрај ова мрачно предвидување, сè уште не сме стигнале до точка од која нема враќање назад. Вистинската човечка интервенција може да им помогне на шумите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука