Во Еквадор е направен најголемиот цветен аранжман на светот, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, јавуваат
новински агенции.
Аранжманот изработен од рози е изложен во градот Табакундо и претставува реплика на пирамидата Кочаски. За изработката биле употребени 546.364 рози.
(
Фото: Rodrigo Buendia/AFP)
Во изработката на аранжманот учествувале 1.500 локални жители кои работеле по 16 часа на ден.
Целта на овој проект е промоција на регионалниот туризам, како и на извозот на рози од Еквадор.