Џералдин Балџр, 101-годишна жителка на Милвоки, и нејзините двајца браќа и една сестра се најстарото семејство во светот. Кога ќе се соберат нивните години, заедно имаат 384 години.
- Се навикнувам на тоа. Само што го прифатив. На почетокот едноставно не можев да верувам - изјавила Џералдин.
Сестрата на Џералдин има 97 години, додека нејзините браќа имаат 95 и 93 години. Член на семејството ги номинирал за Гинисов рекорд.
Кога станува збор за тајната на долгиот и среќен живот, Џералдин има еден совет.
- Јадете добар зеленчук и не обидувајте се да бидете преслаби - изјавила таа.
Џералдин и нејзините браќа и сестра ќе бидат официјално внесени во Гинисовата книга на рекорди во септември.
Извор:
CBS58
Насловна фотографија: CBS58 (printscreen)