X
 25.04.2015 Политика

Во Еквадор изгласана реформа за финансирање на домашната работа

По 11-часовното заседание, еквадорското Народно собрание донесе реформа со која влегува во историјата. Се работи за реформа на државниот закон со кој се заштитуваат работничките права на трудниците, етничките малцинства, ЛГБТ-работниците, како и права на жените кои се задолжени за одржување на домаќинството.


Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа во својот говор посочи дека неплатената работа во домот изнесува дури 15% од бруто домашниот производ. Новите реформи на социјалното осигурување ќе овозможи финансиска помош за над 1,5 милиони граѓани, кои ќе бидат вклучени во составот на социјалната заштита.

„Ја уважуваме работата која се извршува во сопствениот дом. Тоа нè прави дел од социјализмот во 21 век“, изјави Кореа.

Револуционерниот Закон за работни права и признавање на домашната работа бил изгласан со 91 гласови „За“ и 29 „Против“. Особена важност се обрнува на борбата против родовата дискриминација, сексуалната ориентација или расите.

Освен тоа, работодавците кои отпуштиле работник незаконски ќе мора да му исплатат годишна плата на обесправениот. Елиминирани се и договорите за вработување на одредено време и заменети со договори на неодредено, а била донесена и одлука за воведување демократски избори за синдикати.

За време на владеењето на Кореа од сиромаштија излегле повеќе од милион луѓе. Еквадор е водечка држава во Јужна Америка по општественото залагање.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика