X
 09.10.2019 Живот

Рекорд: Според документите, Индиец има 123 години и еден месец

Индиецот Свами Сивананда неодамна се појави на аеродромот во Калкута и со својот пасош ги изненади вработените. Имено, во документите се наведува дека човекот е роден на 8 август 1896 година, односно сега има 123 години, што го прави највозрасниот човек во историјата.

Сивананда е пораснат во семејство на индиски духовен водач. Тврди дека неговата длабока старост се должи на јогата, целибатот и храната без зачини.

Тој се појавил на аеродромот со намера да отпатува од Индија за Велика Британија. Но, податоците ѝ го привлекле вниманието на пасошката контрола, па ја проверила исправноста на патниот документ и утврдила дека тој е функционален, но се појавил и сомнеж дека можеби податоците не се точни. Сивананда потоа им објаснил дека неговите биолошки родители го напуштиле набрзо по раѓањето, грижата за него ја презел друг, па неговите податоци околу датумот на раѓање се впишани потоа.

Доколку, пак, неговите податоци се точни – тој би бил најстариот човек во светот. Засега таа титула ја држи Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година кога имаше 122 години и 164 дена.

Претставници на Гинисовата книга на светски рекорди го разгледуваат случајот и истакнаа дека докажувањето на староста на човекот нема да биде едноставно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот