Се намалува бројот на пчели во светот, а многу експерти бараат решение за да го спречат изумирањето на овие суштества. Градот Лестер во Обединетото Кралство работи на сопствен план.
Станува збор за проект во рамките на иницијативата за намалување на испуштањето штетни гасови, зголемување на биодиверзитетот и адаптирање на климата во следните десет години. Проектот предвидува поставување зелени покриви на автобуските постојки кои ќе се снабдуваат со енергија преку соларни панели и на кои ќе има градини со цвеќиња кои треба да ги привлекуваат пчелите и другите инсекти што опрашуваат.
Веќе биле поставени неколку постојки со зелени покриви во градот. Ваквата мрежа од зелени постојки е прва од овој вид во Обединетото Кралство.
Освен што ќе го спречуваат изумирањето на инсектите што опрашуваат, новите постојки ќе служат и за апсорбирање на дождот, ќе заробуваат штетни честички во воздухот и ќе промовираат одржлив транспорт во градот.
Градот планира да ги замени сите 479 автобуски постојки со новите зелени постојки до крајот на 2022 година.
Извор:
My Modern Met
Фото: Instagram